Често поставувани прашања

Како може да се нарача производ?

За да нарачате производ треба да бидете претходно регистрирани и најавени на Anhoch PCmarket online. Нарачки за производи се примаат 24 часа секој ден, во согласност со условите и правилата на Анхоч. Испорачувањето на нарачките се врши во рамки на работното време на Anhoch (пон-пет од 09-17ч. / саб. 10-15ч.). Сите испораки се вршат само во градови и населени места во Р.Македонија.

Како се одвива наплаќањето на производ?

    Наплатата на производ може да се оствари на два начина:
  • Со следните платежни картички од сите банки: Visa; Visa Electron; Mastercard; Maestro (само доколку има CVV2/CVC код на позадината од картичката), а наплатата се извршува преку нашиот партнер НЛБ Тутунска Банка.
  • Наплата при достава т.е. производот се наплатува кога ќе се достави, но треба да се напомене дека купувачот треба да ја потврди нарачката откако ќе биде исконтактиран телефонски и најчесто во тој случај доставата е поспора.

Колку чини испораката на производ?

Доставата е бесплатна за сума на нарачката поголема од 1500 ден. Во спротивно се наплаќа 135 ден. за испорака во Скопје, и 165 ден. за населени места надвор од Скопје.

Колкаво е времето на испорака?

Нарачките со адреса на достава во Скопје, во најголем број од случаите пристигнуваат во рок од 3 часа. Доколку адресата на достава е друг град / населено место, надвор од Скопје, рокот на испорака е 24 часа. За време на празници и неработни денови не се врши испорака.

Колку е безбеден процесот на наплата на производ со платежна картичка?

Секоја платежна трансакција на pcmarket.mk се одвива преку сигурносниот систем на НЛБ Тутунска Банка и нивната безбедна и енкриптирана веб страна за наплата, која е поддржана од FirstData, една од најголемите и најуспешни компании за обезбедување картични трансакции преку интернет. Целиот процес се одвива според сите светски стандарди за интернет наплата со највисоко ниво на сигурност и доверливост.

Каде би можело да се пријави евентуална рекламација?

За било каква забелешка или рекламација во врска со испорачаните производи можете да не исконтактирате или на некои од телефоните 02/329-66-55; 02/329 01 55; или преку e-mail на: infocentar@anhoch.com. Враќањето на производите или средствата се врши според веќе утврдената политика на испорака и условите/правилата на користење.

Имам предлог/критика која се однесува на веб страницата, каде да ја испратам?

Pcmarket.mk е секогаш отворен за нови предлози или забелешки кои би придонеле да се подобрат и унапредат услугите кои ги нудиме, како и начинот на кој се користи оваа е-продавница со цел да се зголеми задоволството кај купувачите. Затоа, вашите идеи, предлози или критики можете да ги испратите на infocentar@anhoch.com или на следниот ЛИНК