| |
| Museum of Bad Arts |
|

|
| Категорија: Забава
|
6.5.2010
|
http://www.museumofbadart.org/
|

|
Идеата на основачите на Музејот на Лоша Уметност не е да се исмеваат со можноста или неможноста нa некои уметници, туку да го изложат она што сите останати музеи и галерии го одбиле со изговор дека е лошо дело. Тоа што поголемиот дел од изложените дела ќе ве насмеат е само додаток, или шлаг на оваа идеа.
Сепак, сите изложени материјали мора да бидат оригинални творби и не се примаат репродукции и намерно лошо направени дела. Музејот дури има и комисија која оценува дали делата се оригинални или не.
На веб страницата е скоро целосната колекција на музејот, поделена во повеќе категории, а доколку имате некое „ремек-дело“ Музејот е отворен за донации и прима творби од целиот свет.
|
|
 |
 |
|
|
|