Испосликавте еден куп слики за празниците и сега сакате повеќе отколку само да ги ископирате на вашиот хард диск. Некои слики се можеби потемни/посветли, на голем дел од нив сте со црвени очи... Дел од сликите сакате да ги имате во печатена форма но пред тоа сакате да ги дотерате малку.
Xtreme Photo Designer е решение за вашите побарувања. Целосно бесплатен софтвер кој е наменет токму за едитирање фотографии и основни графички операции. Ако навистина не ви треба семоќна фото-апликација како Фотошоп, и не сте професионалец кој е спремен да даде илјадници долари за таков софтвер, тогаш Xtreme Photo Designer сосема ќе ги задоволи вашите потреби.