Anhoch е повторно прогласен за СУПЕРБРЕНД како еден од најпрепознатливите и најдоверливи брендови во Република Македонија.

Што значи да бидете македонски SUPERBRAND? Нашиот бренд е избран во друштво со најсилните на македонскиот пазар. Повеќе од 12.000 потрошувачи и внимателно одбрани експерти го прогласија нашиот бренд како лидер врз основа на критериумите за квалитет, сигурност, различност и емотивната привлечност, применувајќи ги меѓународните стандарди на Superbrands.