 |
Одговорите на Најчесто поставуваните прашања што тука ќе ги пронајдете ќе се однесуваат претежно на системите и продуктите кои сте ги купиле во нашата продажна мрежа, иако дел од нив може да бидат (по дефиниција) и општи. Едноставно, некои нешта се исти за сите персонални сметачи, како што е ист и математичкиот принцип на кој тие работат.
Побарајте ги вашите во категориите од десната страна, а ако не можете да ги пронајдете, пополнете го следниов формулар (ниту едно од полињата не е обврзно). Но, пред да го направите тоа, ѕирнете и во рубриките Совети и Трикови, односно База на знаење, затоа што некои проблематики се таму
разработени, од проста причина што веруваме дека ним повеќе им соодветствуваат. Своите неволји пробајте да ги решите и со софтверот што ви го доставуваме при купувањето, како што е на пример
Anhoch System Recovery програмата, опција која, како што ќе забележите понатаму, ќе ви ја препорачуваме заедно со речиси секоја помош.
Техничката поддршка преку нашите телефони секогаш останува една од солуциите, особено ако типот на проблемот е покомплициран или ако бара итно решавање.
ПС: Нај-најчесто поставуваните прашања на едно место (поранешната страница) може да ги најдете тука |