 |
Ова се одговорите на некои од најчесто
поставуваните прашања во врска со компјутерите и со нивната функционалност.
Доколку ви се појави(л) некој проблем од тука опишаните, пробајте да го решите преку
предложените решенија, или со евентуална употреба на System
Recovery дискетата, која ја добивте при купувањето.
Како последна алтернатива, обратете му се на најблискиот сервис на ANHOCH.
ANHOCH ви препорачува: Доколку се појават проблеми што не
се опфатени со овие решенија, не експериментирајте. Обратете
се кај најблискиот сервис и тој
ќе ви помогне да ги отстраните.
Игрите или програмите се
блокираат односно се однесуваат чудно
Ако ви се случи понекогаш некоја игра или програма да се
блокира (закочи, замрзне) или истата чудно да се однесува
(не се снима моменталната позиција на играта, апликацијата
паѓа при вклучувањето или при извршувањето на некоја операција…)
пробајте да го решите проблемот со рестартирање на компјутерот.
Доколку истиот проблем зачести, пробајте да инсталирате друга
верзија на играта/програмата или, пак, понови драјвери за
некоја од хардверските компоненти.
Ако, пак, и ова не помогне, пред да му се јавите на
најблискиот сервис на ANHOCH пробајте да го решите проблемот со
употреба на System Recovery
дискетата
При подигнување на системот,
се јавува пораката: Invalid system disk, Replace the disk and
than press any key
Во најголем број случаи се работи за заборавена дискета во
флопи драјвот. Извадете ја и притиснете го кое било копче,
компјутерот ќе се стартува успешно.
Ако не сте заборавиле дискета, веројатно е некој посериозен
проблем. Во таква ситуација, консултирајте го
најблискиот сервис на ANHOCH.
При вклучување на компјутерот
не добивате никаква слика на екранот и сијаличката на мониторот свети црвено
Мониторот не добива сигнал од компјутерот. Проверете го приклучокот
на мониторот со компјутерот, па доколку и натаму не добивате
сигнал, исклучете го и повторно вклучете го компјутерот. Ако
сигналот и натаму го нема, јавете се во
најблискиот сервис на ANHOCH.
Глувчето
се движи споро или лошо
Овој проблем најчесто се јавува кога е време глувчето да
се исчисти. Одвреме, навреме (периодот зависи од тоа колку
се работи со него) тоа треба да се отвори од долната страна,
да се извади топчето и со алкохол да се исчистат цилиндрите
што се во допир со него.
Се слуша шум или пригушена
бучава од задниот дел на куќиштето
Вентилаторот на куќиштето најверојатно е полн со прашина
и треба да се исчисти и/или подмачка. За ова ќе мора да се
јавите во најблискиот сервис на ANHOCH.
Сликата на екранот е замрзната
и компјутерот воопшто не реагира
Причините за ова најчесто се од софтверски карактер (иако
понекогаш знаат да бидат и од хардверски), па затоа пред да
се јавите во нашиот сервис, пробајте да го рестартирате системот.
Најпрвин обидете се со истовремено притискање на типките Ctrl+Alt+Delete.
Доколку системот и натаму не реагира, обидете се со хардверско
ресетирање, односно со притискање на копчето Reset што се
наоѓа на самото куќиште.
Ако и по рестартирањето компјутерот повторно се блокира, кочи
или работи успорено, пробајте да го решите проблемот со
употреба на System Recovery
дискетата. Во краен случај, јавете се во
најблискиот сервис на ANHOCH.
Системот сам се ресетира
Пробајте да го смените приклучокот на електричната мрежа
(префрлете се од еден на друг штекер).
Ако ова не успее, причината ќе може да ја востанови само овластен
сервисер. Обратете се во во
најблискиот сервис на ANHOCH.
Варирање на струјниот напон
Напонот на струјата мора да го задоволува европскиот стандард
од 220 V. Разликите во напонот (падови и зголемувања) може
да предизвикаат проблеми (како софтверски така и хардверски).
Ако забележите варирање на напонот (симптоми: компјутерот
се ресетира, осветлувањето на просторијата се намалува, трепка
и сл.) пожелно е да си набавите UPS (Uninterrupted Power Supply),
уред кој служи за стабилизирање на струјниот напон.
Компјутерот се вклучува со
ѕвонење на телефонот
Мора да се напомене дека ова не е проблем, туку опција што
ви овозможува да го вклучите вашиот компјутер од далечина
(remote) или преку телефонски повик. Со помош на додатен софтвер
постои можност и да употребите некои од информациите што се
наоѓаат на него, односно да го контролирате.
Ако вам не ви е потребна ваква опција, тогаш исклучете ја:
Влезете во менито за подесување на BIOS-от (со притискање
на DEL типката при самото подигнување на системот) и во подменито
Power Management пронајдете ја карактеристиката Wake On Ring.
Исклучете ја со тоа што ќе ја поставите на Disabled.
CD-ROM-от не ги чита сите CD-а,
или ги чита многу споро
Причината може да е насобрана нечистотија во самиот CD драјв
по одреден период на употреба, како и слабиот квалитет на
CD дисковите.
Однесете го CD-ROM-от на чистење во
најблискиот сервис на ANHOCH.
Истово важи и за CD рекордерите, како и за DVD уредите.
Не можете
да се поврзете на Интернет
Најпрвин проверете дали имате сигнал на обичниот телефон.
Потоа проверете ја физичката конекција (кабелот) меѓу телефонската
линија и модемот. Проверете и дали вашиот account кај провајдерот
е се уште валиден.
Ако и по ова имате проблем со поврзувањето на Интернет, солуцијата побарајте
ја во враќање на системот во првобитната состојба со
употреба на System Recovery дискетата.
Како крајно решение, јавете се во
најблискиот сервис на ANHOCH. Причините можат да бидат различни.
Врската со
Интернет е многу спора
Во најголем број случаи овој проблем се јавува при преоптовареност
на локалниот провајдер, односно поради слаба конекција меѓу
него и други провајдери (како во услови на лошо време на пр.).
Причекајте одреден период, па закачете се повторно.
Ретко, ама сепак е возможно, нешто да не е во ред и со вашиот
компјутер. Во тој случај, побарајте излез преку
употреба на System Recovery дискетата.
Ако и тоа не помогне, јавете се во
најблискиот сервис на ANHOCH.
Нема звук
За почеток, проверете дали звучниците или слушалките се правилно
поврзани на компјутерот. Потоа дали звучниците се приклучени
и на електричната мрежа (т.е. ако има потреба од нешто такво,
како кај активните).
Видете и дали контролата на гласноста („Volume Control“ прозорецот
може да го повикате со двојно кликнување врз иконата во вид
на жолто звучниче во десниот долен агол на екранот) случајно
не сте ја поставиле на Mute.
Ако не добиете звук и по рестартирање на системот, солуцијата побарајте
ја во враќање на системот во првобитната состојба со
употреба на System Recovery дискетата.
Како крајно решение, јавете се во
најблискиот сервис на ANHOCH.
По менувањето на резолуцијата на екранот,
не добивам употреблива слика
Најверојатно е ставена поголема резолуција од онаа што може
да ја поднесе вашиот монитор.
Рестартирајте го компјутерот и влезете во Safe Mode со притискање
на копчето F8 при подигнување на системот.
По влегувањето, кликнете со десното копче од глушецот врз
празниот дел од десктопот и од контекстуалното мени одберете
Settings.
Сменете ја резолуцијата на 640x480 или на 800x600, во зависност
од големината на мониторот.
Рестартирајте го компјутерот.
Доколку при влегувањето во Windows и натаму немате (добра)
слика, побарајте решение преку употреба на System
Recovery дискетата. Во краен случај, обратете се во
најблискиот сервис на ANHOCH.
>Тастатурата
и/или глувчето не реагираат
Всушност тоа и не е проблем со тастатурата и глувчето, туку
со самиот компјутер, кој веројатно е блокиран (замрзнат).
Доколку не можете да го рестартирате со употреба на типките
Ctrl+Alt+Delete, тогаш притиснете на копчето Reset што се
наоѓа на куќиштето.
Ако глувчето и тастатурата не реагираат и по подигнувањето
на системот, пробајте да ги исклучите и повторно да ги вклучите
нивните конектори на куќиштето.
Доколку проблемот не се реши, побарајте излез преку употреба на System Recovery дискетата.
Во краен случај, обратете се во
најблискиот сервис на ANHOCH.
При подигнување
на системот се слуша непрекинат пискав звук
Ако имате слика, НЕ продолжувајте со работа, туку веднаш
исклучете го компјутерот затоа што тој алармира дека процесорот
се прегреал.
За ова да се реши, ќе мора да се обратите во
најблискиот сервис на ANHOCH.
Уште едно можно
решение за некои од наведените проблеми (System
Recovery)
Доколку не најдете решение за вашиот проблем меѓу погоре
споменатите ситуации, пробајте да го средите компјутерот со
помош на System Recovery дискетата,
која ја добивте при купувањето.
Тоа ќе го направите на следниов начин:
Рестартирајте го системот и при подигнувањето притискајте
на копчето Delete се додека не се појави менито за подесување
на BIOS-от.
Побарајте ја опцијата Advanced BIOS Features (со стрелките
за горе-долу-лево-десно), селектирајте ја и притиснете на
Enter за да влезете во подменито што таа го претставува.
Потоа побарајте ја опцијата First Boot Device и притискајте
на Page Up и Page Down типките од тастатурата се додека не
се појави Floppy во полето до опцијата.
Притиснете на Esc и откако ќе се вратите во главното мени
ставете ја System Recovery дискетата во флопи драјвот.
Во главното мени побарајте ја опцијата Save & Exit Setup.
Откако ќе ја селектирате, притиснете на Enter, а потоа и на
Y за да ги зачувате измените што сте ги направиле во BIOS-от.
Системот ќе се рестартира и ќе се подигне од дискетата.
Следете ги упатствата на System Recovery
програмата и по завршувањето
на процесот, односно пред рестартирањето на системот, не заборавајте
да ја извадите дискетата од флопи драјвот.
Следејќи ги претходните точки (без да ја враќате дискетата
во флопи драјвот) можете да ја подесите First Boot Device
опцијата повторно да покажува на HDD-0, односно на првиот
хард диск, на кој е и сместен оперативниот систем.
ANHOCH ви препорачува: Доколку се појават проблеми што не
се опфатени со овие решенија, не експериментирајте. Обратете
се кај најблискиот сервис и тој
ќе ви помогне да ги отстраните.
|