Профил
Прод. мрежа
Контакт
Анхоч инфо
Вработување
Системи
Преносни комп.
Компоненти
Софтвер
Ценовници
Анхоч системи
Компоненти
FAQ
Совети и Трикови
База на знаење
IT новости
Софтвер на
неделата
Линк на
неделата
   

 

Тука можете да ги пронајдете линковите за најновите верзии на драјверите за производите што сте ги купиле во продажните салони и низ дистрибутивната мрежа на ANHOCH. Тие ја овозможуваат правилната работа на системот и неговата компатибилност со најновите технолошки достигнувања (се разбира, во границите на возможното), хардверски и софтверски. Нивната инсталација е речиси неопходна (што значи дека ќе мора да се инсталираат доколку компонентите немаат директна поддршка од оперативниот систем) при секое вградување нов уред во компјутерот (графички и звучни картички, модеми итн...), како и при пререинсталација на оперативниот систем. Таа е секојпат пожелна во моментите кога ќе се соочите со проблеми и со неможност за комуникација меѓу уредите, односно меѓу уредите и софтверот.
Корисните алатки, пак, вообичаено ги нудат производителите на компоненти и нивната намена е да ви помогнат или да ви ја олеснат задачата што сакате да ја извршите (како на пример, поделба на хард дискот на партиции, подесување на звукот или сликата, подобра имплементација на компонентите и др.).

Напомена: За стандардна работа на компонентите, доволно е да го инсталирате и драјверот што сте го добиле со нивното купување (на CD или на дискета). Иако е можно неговата верзија да биде постара, тој ќе биде сосем доволен за вообичаеното функционирање на уредот. Нема никаква потреба да ја симнувате најновата надградба (верзија) освен ако не се соочувате со проблеми при стартувањето на некој понов софтвер (или игра) или ако во неа не е вметната некаква закрпа за пропуст што е направен во претходната верзија, т.е. за онаа што ја имате. Некои драјвери знаат да бидат и прилично големи: десетици MB.
Се разбира, драјверот ќе мора да го симнете доколку сте го загубиле CD-то односно дискетата на која бил сместен.
 

 
Аудио системи
Графички/Видео/ТВ системи
Дискови (HDD/CD/DVD/Floppy)
Играчки аксесоар
Матични плочи
Монитори
Мрежна опрема
Мултимедија
Печатари и Скенери
Процесори

 

 
Клучен збор
Категорија
 

 

ANHOCH © 1994 - 2008