 |
Прескокнување на Shut Down Windows дијалогот
Можете да го прескокнете Shut Down Windows дијалогот што се појавува секојпат кога ќе одберете Start/ShutDown, односно исклучување/рестартирање на компјутерот. Најпрво, креирајте нова кратенка и додадете
C:\WINDOWS\RUNDLL32.EXE User,ExitWindows
на командната линија.
Именувајте ја кратенката, кликнете на Next, па на Finish и ставете ја на лесно достапна локација (вашиот QuickLaunch бар е добро место ако имате Windows 98 или IE4 Desktop Update).
Кога ќе ја стартувате кратенката во иднина, Windows-от ќе се исклучи без и да ве праша. (Ако е отворена некоја апликација, ќе бидете запрашани дали сакате да ги снимите отворените датотеки).
|