Компјутерот и телевизијата со текот на времето се претопуваат во еден медиум/апарат. Како што широкопојасниот интернет е се подостапен, така и видеата во висока резолуција се веќе вообичаени како streaming содржини а дигиталниот пренос на телевизијата ја олеснува комуникацијата со компјутерот. KWorld е една од компаниите чии производи се наменети токму за таа цел: спој меѓу телевизијата и компјутерот.
Формирана во периодот на дигитално/аналогната трансформација во 1999, KWorld обезбедува широк спектрум на производи наменети за сите мултимедијални потреби: од едноставни Аналогни ТВ тјунер картички, до Хибридни ТВ USB стапчиња а и најдобрите PCTV искуства се дожививаат благодарение на KWorld производите за таа намена. Со распространетоста на интернет пристапот, уживањето во ТВ програмите не е веќе ограничено само на десктоп системите. Бизнис патниците или студентите на школување далеку од дома, може секогаш да ги гледаат своите омилени емисии благодарение на KWorld IPTV серијата производи, створена токму за тие ситуации.
|