Midiland Inc. е водечка компанија во светот која произведува аудио системи и дополнителна аудио опрема што го носи сертификатот ISO 9002.
Целата линија продукти фигурира како една од трите водечки имиња на пазарот во САД и во Европа, како и во преостанатиот дел од светот. Звучните системи се уникатно дизјнирани и претставуваат спој на уметност и технологија што резултира со подобрување на животниот квалитет во средините во кои се користат.
Midiland денес нуди цело семејство производи за сите три сегменти на пазарот: мултимедија, gaming и home audio, за кои има добиено повеќе награди како признание за врвните достигнувања во наведените области. |