Профил
Прод. мрежа
Контакт
Анхоч инфо
Вработување
Системи
Преносни комп.
Производители
Компоненти
Ценовници
Анхоч системи
Компоненти
FAQ
Совети/Трикови
База на знаење
IT Новости
Софтвер на неделата
Линк на неделата
   

 

 
 
Производител: Sony Corporation
Официјална страна: http://www.sony.net

Електронскиот џин Sony е синоним за квалитет, долготрајност, врвна завршна обработка и беспрекорен дизајн. Формирана во 1946, досега е прерасната во мултинационална корпорација со вредност од над 80 милијарди долари

Било да станува збор за фотоапаратите со извонредно острите Carl Zeiss леќи, Vaio лаптопите, магнетот за забава Playstation, mp3 вокмените или Bravia телевизорите... производите на Sony не бараат посебно презентирање.

Корпорацијата освен делот за електроника, ја сочинуваат филмска и музичка продукција, па така огромен дел од најпопуларните филмови и музички изданија се дел од издаваштвото на Sony.

Уделот на Sony врз електрониката и модерното живеење воопшто, е навистина голем. Дел од иновациите што Sony ги има презентирано се: Betamax форматот за видео касети кој сеуште се користи во ТВ индустријата, Trinitron брендот на телевизори кој ја започна револуцијата на модерен ТВ уред, Sony Walkman е бренд кој сеуште се користи на пр. во мобилните телефони иако примарно беше „само“ портабл касетен уред, CD форматот е исто така развиен од Sony во соработка со Philips, Memory Stick картичките, Blue Ray форматот кој веќе полека но сигурно го истиснува DVD-то од лидерската позиција и многу друго.... слободно може да се каже дека светот на електрониката не би бил ист без влијанието на Sony.

 

 



 
ANHOCH Computers, © 2002