Sweex е производител на голем број IT производи и со тек на годините прерасна во зрел и достоен играч на европскиот пазар. Со главно седиште во Делфт (Холандија), дистрибутерската мрежа на Sweex опфаќа преку 45 земји во Европа, блискиот исток и северна Африка.
Sweex повеќе се фокусира на можностите што ги нуди технологијата за крајниот корисник, отколку на самата новост во технологијата. Така сите производи на Sweex се едноставни за користење и извонредно функционални.
Под мотото "My Digital Life", Sweex ја изразува својата визија на компјутерските корисници да им нуди едноставни и лесно достапни решенија за секојдневна употреба и примена, било за дома или на работа. Затоа понудата на Sweex се состои од широка палета производи, наменети да ја поедностават и подобрат употребата на компјутерите.
|