Профил
Прод. мрежа
Контакт
Анхоч инфо
Вработување
Системи
Преносни комп.
Производители
Компоненти
Ценовници
Анхоч системи
Компоненти
FAQ
Совети/Трикови
База на знаење
IT Новости
Софтвер на неделата
Линк на неделата
   

 

 
 
Производител: Wacom Co. Ltd
Официјална страна: http://www.wacom.com

Преку 25 години Wacom Ltd. е познат како производител на високо квалитетна опрема за компјутерски графички дизајн, односно графички таблети. Веќе етаблиран како лидер во оваа дејност, Wacom е посветен на изработката на алатки кои им помагаат на луѓето полесно и покреативно да ги илустрираат своите мисли и идеи.

Како што моливот и четката се најинтуитивни и наједноставни средства за комуникација и изразување на креативните идеи, така во оваа ера на информатиката Wacom реши повторно да ги открие и да им даде поширока употреба. Нивните производи се базирани на патентираната електромагнетна технологија наречена "penabled technology" која што е и клучот за квалитетот на „моливите“ без жица и батерии и таблетите осетливи на притисок. Оваа технологија како и функционалниот и ергономичен дизајн на своите производи се главните фактори за успехот на Wacom на европскиот, американскиот и азискиот пазар.

Сепак, Wacom не се ограничува на производство само на графички таблети туку и целосни таблет-компјутери па така од 1990 има значаен успех и во тој сегмент, а нивните развојни ограноци работат и на други видови комуникација со компјутерите освен преку молив и таблета.

Како за професионалците, така и за оние кои само сакаат да ја изразат својата креативност, Wacom е едноставно најдобриот избор.

 

 



 
ANHOCH Computers, © 2002