Во 1970 година е основана компанијата General Digital како произведувач на полупроводници а години подоцна, истата таа компанија, сега под друго име Western Digital, прераснува во една од најголемите и најдобри компании за хард-дискови.
Секому кој секојдневно користи компјутер му е јасна сигурноста на записот на податоците на својот хард-диск. Western Digital како компанија за производство на хард-дискови, тој факт го има како главна цел и услов за изработката на своите производи. Затоа нивните хард-дискови се едни од најсигурните при работа.
Освен внатрешните-вградливи хард-дискови, WD нудат и палета екстерни хард-дискови со интересен и модерен дизајн а со различни капацитети. Веќе нашироко популарните MyBook i MyPassport се едни од најпродаваните екстерни преносители на податоци. Било за бекап или пренос на голем капацитет податоци, WD производите и повеќе од солидно ја вршат својата задача.
Како еден од најновите производи на WD што не е хард-диск е WD TV мултимедијалниот плеер, кој е еден од првите и сигурно еден од најдобрите видео репродуктори кому не му требаат изменливи медиуми (CD, DVD, Blu-Ray) туку репродукцијата се врши директно од екстерна меморија (USB-Stick, Екстерен хард-диск) и воедно изненадува со едноставната функционалност и квалитетот на репродукција.
|