Anhoch системи ќе Ви овозможат максимална сигурност и стабилност при работа, забава и комуникација.
Сертификатите “Windows 7” и "Windows Vista" се дизајнирани да им овозможат на корсниците на компјутерските системи едноставност во работењето, одлични перформанси и највисоко ниво на безбедност.
Добивате техничка поддршка и сервис од Microsoft сертифицирани лица кои можат да одговорат на Вашите прашања поврзани со хардверот и Microsoft оперативните системи.
Со Goliath XD серијата Anhoch Ви нуди комплетно решение на системи подготвени да одговорат на најновите сегашни и идни предизвици на компјутерската технологија.
Перфектната конфигурираност и оптимизираност на системите овозможува да се задоволи вкусот и на најпребирливите корисници, кои истовремено бараат врвен квалитет и високи перформанси.
Anhoch Goliath XD Ви обезбедува цврста основа во сите средини на модерно живеење, каде што квалитетот е клуч на успехот, а брзината услов за задоволство.
Новиот Anhoch Pixio е создаден да одговара на префинетиот вкус на модерниот и урбан корисник.
Перфектната хармонија на технолошките иновации е создадена прецизно да одговори на специфичните побарувања било за бизнис или домашна употреба. Дизајниран е да се вклопи на мал простор и буџет и секогаш спремен да се прилагоди според Вашите потреби.
Новиот Anhoch Pixio е компактно, моќно и доверливо решение оптимизирано да излезе во пресрет на корисниците кои сериозно пристапуваат и на бизнисот и на забавата.
* На добиената цена за плаќање веднаш одобруваме попуст од 5%
* Во цената е пресметан ДДВ
* Правните лица што се даночни обврзници може да си го повратат данокот
ПС: Во сите наши продажни места освен системи од сериите Goliath и Pixio, може да пронајдете и поевтини стандардни конфигурации