Најефикасниот онлајн вирус скенер, со вграден spyware cleaner
Kомпанијата ANHOCH на своите клиенти секогаш ќе се обидува да им понуди:
најквалитетни производи што моментално можат да се најдат на компјутерскиот пазар во светот
системи кои целосно ќе ги задоволат барањата на потрошувачите за перформанси, стабилност и привлечна цена
модерна и интерактивна презентација на хардверските експонати и на можностите на системите
сервис што во секое време и на секое место ќе им излезе во пресрет на корисниците и ќе биде подготвен да им одговори на предизвиците што ги носи развојот на технологијата
Лидерското место што го стекнавме на овие простори, со постоење од 1993 година, и лансирањето
на првите македонски модели што со себе го носат „заштитниот знак" за гаранција во беспрекорното работење (се разбира,
станува збор за Altea и Goliath сериите) се сигурен доказ за досегашната реализација на целите и за големата доверба што ја
поседуваме кај потрошувачите.
Во нашата компанија работат високостручни кадри кои целосно им се посветени на развојот и усовршувањето
на продуктите што можете да ги набавите кај нас и тоа не само заради потребата да бидеме први на пазарот, туку да ви овозможиме
и вам да бидете секогаш пред конкурентите.
Цврстото водство несомнено се должи и на софистицираниот маркетиншки пристап, како и на строгата професионалност во работата.
Доколку сте заинтересирани да дознаете нешто повеќе, од периодот на
настанување на ANHOCH па се до денес,
симнете го и погледнете го опширниот Профил на нашата компанија (1.6 MB). За да можете тоа да го направите, ќе биде потребно да ја
инсталирате PowerPoint апликацијата од MS Office пакетот.