Kомпанијата ANHOCH на своите клиенти секогаш ќе се обидува да им понуди:
  • најквалитетни производи што моментално можат да се најдат на компјутерскиот пазар во светот
  • системи кои целосно ќе ги задоволат барањата на потрошувачите за перформанси, стабилност и привлечна цена
  • модерна и интерактивна презентација на хардверските експонати и на можностите на системите
  • сервис што во секое време и на секое место ќе им излезе во пресрет на корисниците и ќе биде подготвен да им одговори на предизвиците што ги носи развојот на технологијата
Лидерското место што го стекнавме на овие простори, со постоење од 1993 година и лансирањето на првите македонски модели што со себе го носат „заштитниот знак" за гаранција во беспрекорното работење (се разбира, станува збор за Altea и Goliath сериите) се сигурен доказ за досегашната реализација на целите и за големата доверба што ја поседуваме кај потрошувачите. 

Во нашата компанија работат високостручни кадри кои целосно им се посветени на развојот и усовршувањето на продуктите што можете да ги набавите кај нас и тоа не само заради потребата да бидеме први на пазарот, туку да ви овозможиме и вам да бидете секогаш пред конкурентите. 

Цврстото водство несомнено се должи и на софистицираниот маркетиншки пристап, како и на строгата професионалност во работата.
 
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
 
Доколку сте заинтересирани да дознаете нешто повеќе, од периодот на настанување на ANHOCH па се до денес, симнете го и погледнете го опширниот Профил на нашата компанија (1.6 MB). За да можете тоа да го направите, ќе биде потребно да ја инсталирате PowerPoint апликацијата од MS Office пакетот.

Ако пак повеќе преферирате да работите со Adobe Acrobat Reader, тогаш можете да го симнете и прегледате опширниот Профил на нашата компанија изработен во PDF форматот (670 KB).