Правилата на испорака на www.pcmarket.mk појаснуваат кои се условите и начинот на испорака на купените производи.

Испораката на сите производи се врши на наведената адреса за испорака од страна на купувачот. Доколку службата за испорака не успее да го пронајде купувачот на наведената адреса за испорака, ќе остави писмено известување и ќе се обиде да воспостави контакт со купувачот користејќи ги податоците оставени од негова страна при правењето нарачка.

Сите производи се испорачуваат во определениот рок и услови кои ги одбрал купувачот при правењето нарачка. Производите се испорачуваат со гаранција (доколку производот има гаранција), испратница и фактура за извршеното плаќање.

Секој купувач е должен при испорака на производот да го провери за евентуални оштетувања при транспорт, а доколку е поголема пратка да провери дали некој производ недостасува. Купувачот треба да ја пријави рекламацијата веднаш. Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на купувачите.
Овие правила на испорака стапуваат на сила од Мај 2010 година. Промените во правилата на испорака ќе бидат јавно објавени на веб странатa www.pcmarket.mk најмалку 30 дена пред да стапат во сила.