ПРОСЛАВИВМЕ ЈУБИЛЕЈ - 25 години АНХОЧ!

Со гала-свеченост, пред околу 750 гости во хотел „Александар палас“ на 10 октомври „Анхоч“ одбележа 25 години успешна работа. Во пријатен амбиент, заедно со голем број клиенти, соработници, деловни партнери и вработени, „Анхоч“ го прослави 25-годишниот јубилеј.

За отворањето на настанот и официјалниот дел се погрижи тим од Македонската филхармонија, додека за добрата забава задолжен беше бендот на Петар Ренџов. Дополнително атмосферата ја загреаа Јасмин Лопез и Онел од Куба, како и диџеј Ерик Фокс. За неповторлив хумор на настанот се погрижи Сашко Коцев, кој на свој оригинален начин делеше насмевки кај присутните.

Успешната приказна на „Анхоч“ се темели на континуираната посветеност на квалитетот и задоволството на потрошувачите за конкурентна цена. Потрошувачот е сигурен дека ќе добие квалитетен производ за компетентна цена, придружен со одлична техничка поддршка.