На 21.12.2019 “Анхоч” свечено го отвори својот нов премиум салон, наречен Анхоч премиум, со локација во Скопје во склоп на комплекс Мида.

На отворањето, забележителен беше големиот интерес кај посетителите, кои дојдоа во огромен број и чекаа во редици и повеќе од еден час за да стигнат до омилените производи.

  

Анхоч Премиум е најголем и најснабден салон со многу современ дизајн и концепт, единствен поделен во таканаречени зони.

  

Гејминг зоната беше особено популарна кај помладата популација, во која можеше да се тестира и спореди најразлична гејминг опрема од најпознатите светски брендови, додека за аудиофилите беше интересна аудио собата, каде во пријатен амбиент можеа директно да ја пробаат и почувствуваат моќта на аудио опремата од најразлични модели на звучници и аудио системи.

  

За прв пат во Македонија, Анхоч воведува новитет со автоматски електронски цени во својот Премиум салон, кои воедно се еколошки, на база на електронско мастило, не трошат струја, мастило и хартија. Тоа е нешто што сеуште е реткост дури и во салоните во најразвиените земји.