Анхоч во соработка со IuteCredit Македонија имплементира ново онлајн решение за купување на рати преку www.anhoch.com/.  При посета на нашата веб страница www.anhoch.com, купувачите ќе можат од изберат производи и истите да ги купат на 24 рати преку наменски кредит од IuteCredit Македонија. Процедурата за онлајн купување на рати е пред се безбедна, брза и едноставна. Процесот на апликација се завршува во само неколку минути и се состои од само 3 чекори:

  1. Се најавувате со вашето корисничко име и лозинка и го избирате вашиот омилен производ од www.anhoch.com
  2. Бирате опција на колку месечни рати сакате да го плаќате производот преку IuteCredit
  3. Апликацијата се процесира веднаш и добивате одговор за неколку минути

Доколку апликацијата за кредит е одобрена, нарачката се доставува во предвидениот рок.

 

Максималниот износ за купување на производи од www.anhoch.com е до 120.000 денари, но истиот зависи од месечните приходи и вкупните обврски по кредити на потрошувачот, односно купувачот. Амортизациониот план се изготвува врз основ на еднакви месечни рати специјално изготвени со цел да се обезбеди одговорно кредитирање и навремено сервисирање на обврските по основ на кредитот.

 

Може да аплицираат вработени лица, пензионери до 75 години, лица кои работат хонорарно, со договор на дело, авторски договор или самовработени.

Со новото решение за онлајн купување на кредит овозможуваме олеснување на целиот процес за нашите клиенти. 

Уживајте во безбеден онлајн шопинг и плаќајте на рати!