АНХОЧ ACTION - Најнов продажен салон во Скопје
Почитувани клиенти,
Голема чест и задоволство ни е да Ве известиме дека АНХОЧ, НАСКОРО ќе отвори нов, ексклузивен и најголем салон за ИТ и гејминг опрема во Аеродром - Скопје, со локација во Capitol Mall.
Во новиот салон ќе го најдете најголемиот избор и најнови производи од најпознатите светски брендови од ИТ, Аудио-Видео и Гејминг индустријата.
И овој пат следејќи ги популарните трендови АНХОЧ ACTION ќе биде опремен со ексклузивна ГЕЈМИНГ ЗОНА и посебна АУДИО СОБА, дизајнирани за едно поинакво искуство при купувањето!
Во ГЕЈМИНГ ЗОНАТА ќе можете директно да ги пробате и тестирате Вашите омилени гејминг производи, додека најголемиот избор и најголемата понуда на аудио опрема во АНХОЧ ACTION ќе може да ја почувствувате во посебно опремената АУДИО СОБА и да ја искусите моќта на звукот!
Ве очекуваме на ГОЛЕМО ОТВОРАЊЕ во Сабота, 10.04.2021 во 11:00 часот!
Подгответе се за ГОЛЕМИ попусти и ОДЛИЧНИ подароци по повод отворањето!
Би сакале да напоменеме дека сите мерки за заштита и превенција од Ковид19 ќе бидат запазени!