Среда, 15.12.2021 во ReMall во Тетово свечено се отвори новиот, модерен и поснабден продажен салон на Анхоч. Единственото место во Тетово за сите видови ИТ, ГЕЈМИНГ и Аудио опрема.

Опремен со најсовремената гејминг зона, каде можат да се испробаат специјално подготвените компјутери и конзоли.Сето тоа е комплементирано со футуристично осветлување, амбиент и светски гејминг брендови кои нема да се најдат на ниту едно друго место.

За љубителите на добриот звук со висок квалитет, посетете ја АУДИО собата која е модерно опремена со производи од светски реномирани брендови, оставајќи Ви да го направите најдобриот избор по Вашите потреби.

Огромно благодарение на сите што бевте дел од ова прекрасно и уникатно искуство, Ве очекуваме во ReMall Тетово.