Почитувани потрошувачи,

Анхоч нуди можност за замена на производ што е купен во продажната мрежа на Анхоч во рок од 15 дена од купувањето.

Замената може да биде направена доколку се исполнети следните услови:

  • Производот да не е употребуван и заедно со амбалажата да е во иста состојба како што е купен
  • Амбалажата несмее да биде оштетена на било кој начин и истата мора да ги има фабричките пломби и етикети. 
  • Клиентот да ги приложи фискалната сметка и пропратната документација

Замената потрошувачите може да ја реализираат во салонот од каде е издадена фискалната сметка.

Важно: За производи кои се продаваат без амбалажа и фабрички пломби, производот претходно се праќа на овластен сервис кој ќе потврди дека производот е автентичен, не е употребуван и не е оштетен .

Во случај да нема заменски производ и купувачот побара поврат на платениот износ, средствата за купениот производ се враќаат во иста форма како кога е платен производот:

  1. Доколку сте го платиле истиот во готово, ќе бидат вратени средствата во готово.
  2. Во случај кога сте го платиле со платежна картичка, средствата се враќаат преку сторнирање на трансакцијата во матичната банка.
    • Во ваков случај постапката од страна на Анхоч се врши веднаш, меѓутоа процедурата до комплетна реализација во банките може да потрае до 30 дена, во зависност од банката
    • Важно: Повратот на средствата најчесто се евидентира на вашето конто со датум на кој била направена трансакцијата, т.е. кога производот бил купен, а не на датумот кога е вратен производот или кога сте ги добиле средствата назад.
  3. За замена на производ платен преку потрошувачки кредит или синдикална продажба, важат условите наведени во договорите склучени со давателите на услугите.
  4. За замена / враќање на производ купен online на нашата интернет страна www.anhoch.com важат истите услови со напомена дека сите трошоци за транспорт/достава на производот се на сметка на купувачот.
    • Доколку клиентот лично го донесе производот/ите во одделот за интернет продажба, замената/повратот на средства ќе биде извршен веднаш.
    • Доколку клиентот сака производот да го врати преку служба за достава, потребно е претходно да го најави истото. По пристигањето и извршена проверка на производот ќе биде реализирана замената/повратот на средства за истиот.