ПРАВИЛА НА ПРОМОЦИЈАТА

ПРЕТПРОДАЖБА НА SAMSUNG GALAXY Note20/Note 20 Ultra”

Пред да купите некој од уредите  Samsung Galaxy Note20 или Note 20 Ultra, Ве молиме да ги прочитате Правилата на промoцијата“Претпродажба на Samsung Galaxy Note20/Note 20 Ultra”  (понатаму како “Правилата”).

  1. Организатор на промоцијата

СамсунгЕлектрониксАвстријаГмбХ, со седиште во Виена на Пратерштрассе 31/14 Обергесцхосс, Виена, Австрија и матичен број FN 217924b (во понатамошниот текст како Самсунг“), организира промоција за купувачите на уредите Samsung Galaxy Note20 или Note 20 Ultra .

  1. Промотивен период , испорака и подарок

Промоцијата на Уредите Samsung Galaxy Note20 или Note 20 Ultraе достапна за купувачите на територијата на Република Северна Македонија во периодот од 05.08.2020 година заклучно со 20.08.2020 година, односно пократко доколку пред истекот на претходно наведениот период на промоцијата залихите на бежичните слушалки Samsung Galaxy Buds+ односно Samsung Galaxy Buds Live бидат потрошени.

Под поимот Купувач се сметаат физичките и правните лица со живеалиште, односно регистрирано седиште на територијата на Република Северна Македонија, кои ги купуваат Уредите за сопствени потреби, а не заради понатамошно препродавање.

Купувачите кои ќе купатво промотивниот период Samsung Galaxy, преку веб страниците на продажните партнери на Самсунг кои се наведени во член 6 од овие Правила и со исполнување на други услови дефинирани во овие Правила, ќе добијат:

1)    Со купување на Note20 ќе добијат на подарок безжични слушалки Samsung Galaxy Buds+ бела боја

2)    Со купување на Note20Ultra ќе добијат на подарок безжични слушалки Samsung Galaxy Buds Live – мистично бронзена боја

  1. Услови за купување

Купувањето на уредите Samsung Galaxy Note20 или Note 20 Ultra  ( во понатамошниот текст како “Уредот”) може да се направи кај продажните партнери на Самсунг кои се наведени во член 6 од овие Правила, единствено доколку се исполнети сите подолу наведени услови:

а. Доколку Купувачот го порача Уредотза времетраењето на промоцијата;

б. Доколку го порача уредот на веб страницата на некој од овластените продажни партнери на Самсунг за територијата на Република Северна Македонија; Списокот на овластени продажни партнери е наведен во член 6 од овие Правила;

в. Доколку Купувачот го регистрира успешно уредот преку https://www.samsung.com/mk/offer/preorder-galaxy-note20 најдоцна до 13.09.2020, во согласност со член 4  од овие Правила.

  1. Регистрација на Уредот  

Предуслов за остварувањето на правото на Подарокот, е успешна регистрација на Уредот кој е купен во периодот на промоцијата. Регистрацијата мора да биде направена на https://www.samsung.com/mk/offer/preorder-galaxy-note20

Процесот на регистрација подразбира внесување на одредени податоци со цел истиот да биде успешно завршен. Податоците кои се собираат со цел купувачот да се стекне со право на Подарокот, и за целите на доставување на Подарокот по успешно завршен процес на регистрација се следните:

-         име и презиме на Купувачотако е физичко лице, односно деловен назив на компанијата доколку е правно лице

-         емаил адреса на Купувачот

-         точна поштенска адреса на Купувачот на територијата на Република Северна Македонија (со цел доставување на Подарокот),

-         Модел и ИМЕИ бројот на купениот Уред, 

-         приложување на скенирана копија од фискалната сметка/ фактурата од продажното место со цел регистрацијата да биде потврдена

Со притискање на копчето за поднесување/испраќање, корисникот ги доставува податоците до Самсунги неговите соработници со цел да се изврши проверка дали се исполнети условите т.е дали корисникот го остварува правото на Подарокот, и истовремено корисникот дава изрична согласност за користење на неговите лични податоци во согласност со одредбите на овие Правила. Согласноста за овие Правила е неопходна за процесот на регистрација да биде успешен.  

НАПОМЕНА Купувачот е должен при регистрацијата да достави точни и целосни податоци. Организаторот нема да носи никаква одговорност во случај на неправилно и ненавремено доставување на податоците. Доколку регистрацијата не е навремено извршена во согласност со овие Правила, односно доколку податоците доставени при Регистрацијата не се точни и/или целосни, Купувачот нема да го оствари правото на Подарок.

  1. Испорака

Испорака на Уредите

Испораката на Уредите кои се купени во периодот на промоцијата почнуваат на ден 21.08.2020 година, додека денот на испораката на конкретниот уред према поединечниот Купувач зависи од продажниот партнер на Самсунг од кого е купен Уредот.

Редовната продажба на Уредот започнува на 21.8.2020 година.

 Испорака на Подароците

Доставувањето на Подарокот за купувачите, под услов да извршиле успешна регистрирација на веб страната https://www.samsung.com/mk/offer/preorder-galaxy-note20во согласност со овие Правила, ќе биде направено во периодот од 07.9.2020 до 26.9.2020 година на адресата која е дадена во процесот на регистрација на веб страната https://www.samsung.com/mk/offer/preorder-galaxy-note20, а кој се наоѓа на територијата на Република Северна Македонија. Доставувањето на Подарокот ќе биде направено на трошок на Организаторот.

  1. Право на измена и стапување на сила  

Самсунг го задржува правото, во било кое време, поради оправдани причини да ги измени овие Правила, со обврска истите јавно да ги објави без одложување.   

Овие Правила се објавени на интернет страната на Самсунг https://www.samsung.com/mk/offer/preorder-galaxy-note20  на ден 05.08. 2020, од кога и се применуваат.