Услови и правила за интернет продажба
Секој купувач најпрвин мора да се регистрира за да може да биде остварена нарачката. По завршувањето на нарачката ќе биде испратен e-mail на наведената адреса од страна на купувачот, за потврда на нарачката.
Доставата е бесплатна за сума на нарачката поголема од 5000 ден. Во спротивно се наплаќа 189 ден. за испорака. Испораката на домашна адреса ја врши поштенска/карго служба . Испораката до продажен салон на Анхоч во било кој град е бесплатна, купувачот потоа е должен да ја подигне нарачката од салонот кој го одбрал за достава.
Купувањето може да се оствари со следните платежни картички: Visa; Visa Electron; Mastercard; Maestro (само доколку има CVV2/CVC код на позадината од картичката) а наплатата се извршува преку нашиот партнер НЛБ Тутунска Банка. Pcmarket ви овозможува и купување со наплата при достава но треба да се напомене дека најчесто во тој случај доставата е поспора и купувачот треба да ја потврди нарачката откако ќе биде исконтактиран телефонски.
Доколку производот е испорачан оштетен, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба да не информира веднаш за брзо да се исправи направената грешка.
Во случај купувачот да сака да го врати производот не по наша вина или вина на доставувачот и сака да му се врати сумата на производот, тогаш од крајниот износ на производот двојно ќе биде одбиен трошокот за достава кој варира согласно со тежината на производот.
Доколку купувачот сака да го замени производот, должен е да го чува неоштетен, неотпакуван и неупотребуван заедно со сите приложени документи.