ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со овие правила се определува и дефинира правото на пристап на субјектот на личните податоци до сопствените лични податоци кои ги обработува Друштвото за соодветни потреби согласно одредбите од Законот за заштита на личните податоци, како и нивна исправка и бришење.
Член 2
Овие правила се применуваат за личните податоци со кои располага Друштвото и кои се содржани во збирките на личните податоци.
Член 3
Субјектот на личните податоци има право:
-да добие потврда од контролорот дали се обработуваат негови лични податоци или лични податоци за него и доколку се обработуваат, да добие пристап до личните податоци и до следните информации:
-целите на обработката;
-категориите на лични податоци кои се обработуваат;
-категориите на корисници на кои се откриени или ќе бидат откриени личните податоци;
-предвидениот рок за кој ќе се чуваат личните податоци;
-постоењето на право да се бара исправка или бришење на личните податоци;
-кога личните податоци не се собираат од субјектот на личните податоци, сите достапни информации за нивниот извор;
-дали неговите лични податоци се пренесуваат во трети земји или меѓународни организации;
-право да се бара исправка во рок од 15 дена од поднесување на Барање до Друштвото, кој Образец – барање за пристап или исправка на лични податоци е составен дел на овие Правила;
- право да се бара бришење на неговите лични податоци во рок од 30 дена од поднесување на Барање до Друштвото, кој Образец – барање за пристап или исправка на лични податоци е составен дел на овие Правила, ако е исполнет еден или повеќе од следните услови:
- Доколку личните податоци повеќе не се потребни за целите за кои биле собрани;
- Доколку субјектот на лични податоци ја повлекол својата согласност за нивна обработка;
- Доколку субјектот на лични податоци поднел приговор на обработката на личните податоци согласно Закон;
- Доколку личните податоци биле незаконски обработени.
Член 4
За пристап до лични податоци, нивна исправа или бришење субјектот на лични податоци доставува до Друштвото Барање, лично, по пошта или по електронски пат.
По доставено барање од став 1 од овој член истото се разгледува од офицерот за заштита на личните податоци и овластено лице во Друштвото кое има пристап и ги обработува личните податоци на субјектот.
Врз основа на поднесеното барање субјектот добива одговор во зависност од содржината на барањето и тоа во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето за поднесено барање за пристап и исправка до личните податоци, односно во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето за поднесено барање за бришење на личните податоци во писмена форма. Субјектот исто така добива одговор на содржината на неговиот интерес, му се дозволува пристап или исправка на личните податоци, му се објаснува процесот на обработка на податоците и слично. Одговорот на барањето за пристап до личните податоци се доставува до субјектот на личните податоци лично, по пошта или по електронски пат во рокови утврдени со овој став.