|
Ова е дел од сајтот посветен на поддршката за системите што се купени во ANHOCH и неговата дистрибутивна мрежа. Доколку вашиот компјутер не им припаѓа, ве молиме да не се обидувате да ги изведувате операциите што се претставени тука, затоа што тој може да стане неоперативен. Голема е веројатноста и воопшто да не успеете да ги стартувате.
Не треба ниту да се напоменува дека редовното одржување на системите е од битно значење за нивната функционалност, како и за нивната компатибилност со најновите софтверски пакети и хардверски уреди (печатари, скенери, модеми...) што секојдневно се појавуваат на пазарот.
- Drivers - алатка за поддршката на ANHOCH системите (Goliath и Pixio). Тука можете да најдете драјвери и додатен софтвер за вашиот ANHOCH систем. Доколку имате постар модел на Anhoch систем или Astra систем, за драјвери и поддршка обратете се на support@anhoch.com или јавете се на бесплатниот телефонски број за техничка поддршка 0800 - ANHOCH (0800 - 264 624) од 09 до 17 часот секој работен ден.
|