Системи

Anhoch системи ќе Ви овозможат максимална сигурност и стабилност при работа, забава и комуникација.
Сертификатите “Windows 7” и "Windows 10" се дизајнирани да им овозможат на корсниците на компјутерските системи едноставност во работењето, одлични перформанси и највисоко ниво на безбедност.
Добивате техничка поддршка и сервис од Microsoft сертифицирани лица кои можат да одговорат на Вашите прашања поврзани со хардверот и Microsoft оперативните системи.
Што се добивате кога ќе купите наш систем?
Проверете што се добивате кога ќе купите наш Goliath или Pixio систем
За Goliath и Pixio системите веројатно најдобро говорат нивните спецификации, преку кои можете да го видите она што како хардверски дел ќе го добиете кога ќе купите некој од овие два модела. Ние, исто така, Ви препорачуваме да не посетите за да ви го презентираме сето тоа што тие се способни да го направат и да го добиете вистинскиот сооднос на цена/перформанси каков што ретко може да се најде на македонскиот пазар.
Три години полна гаранција
Ние ви обезбедуваме 3-годишна гаранција на системите (36 месеци за системот и 12 месеци за периферијата), односно за решавање на сите проблеми што ќе ви се појават со нив, и ви стоиме на располагање секогаш кога е во прашање сервисната услуга и поддршката од кој било тип (техничка, консулативна...). Најважно од се е тоа што нудиме ПОЛНА ГАРАНЦИЈА НА ЦЕЛИОТ СИСТЕМ НИЗ ЦЕЛАТА ТЕРИТОРИЈА НА РМ. За разлика од делумните гаранции кои се секојдневие на нашиот IT маркет, Anhoch нуди целосна гаранција на сите делови интегрирани во своите системи. Покрај тоа, преку нашата дистрибутивна мрежа, е овозможен сервис низ целата територија на државава.
Anhoch System Recovery
Сите оние што барем одреден период се дружеле со компјутерите, знаат дека одвреме-навреме се укажува потреба од целосна преинсталација на оперативниот систем. Тоа може да одземе многу време и се разбира дополнителни финансиски средства, а кај почетниците да создаде и голема нервоза, честопати поради фактот што не знаат од каде да започнат. Проблемот може да се случи и доцна навечер или во текот на викендот, кога постои мала веројатност да добиете каква и да било помош од стручни лица.
Употребете ја Anhoch System Recovery програмата, која за само 3-7 минути ќе го врати вашиот систем во првобитната состојба т.е. во онаа во која сте го купиле.
Специјален попуст за плаќање веднаш
Доколку се решите системот да го платите веднаш, ние ви одобруваме попуст од 5%, пресметан на добиената цена. На тој начин ви заштедуваме пари и нерви и уште повеќе ви го олеснуваме изборот при купувањето.
Десет дена гаранција за враќање на парите - вистински доказ за квалитет
Со овој вид гаранција, кој засега е единствен во Македонија, добивате една мошне добра поволност да го истестирате производот што сте го купиле кај нас и да решите дали сакате да го задржите (како доказ дека го задоволува вашиот вкус) или пак да го вратите, со што ќе ви биде вратена и целата сума која сте ја уплатиле на нашата сметка.
Сметаме дека системот на наплата со гаранција за враќање на вкупниот износ на парите во рок од 10 дена, е доволен временски период за нашите купувачи да се уверат во квалитетот што им го нудиме, заедно со сите други погодности што притоа ги добиваат: голема сигурност во работењето, висока компатибилност на производите, навремено извршување на задачите, заштеда на време, труд и пари, солиден сервис и поддршка итн…
Анхоч книга 'Windows Без граници'
Книгата "Windows Без граници" на сите почетници во компјутерскиот свет треба да им биде основен прирачник. Таа освен што ќе ви ги објасни основните операции во Windows-от, работата со фајловите и фолдерите и прилагодувањето кон потребите на корисникот, ќе ви понуди и базично знаење за работа со Microsoft Word, Microsoft Excel и Microsoft Internet Explorer-от.
Anhoch CD Drivers
На ова CD во верзија 1.0 ќе ги пронајдете сите драјвери што ви се потребни за целосна функционалност на вашиот систем. Тие, веројатно, ќе ви затребаат доколку додадете некоја нова компонента или доколку мануелно го реинсталирате оперативниот систем.
Специјална оптимизација за брзина и стабилност
За да го добијат нашите купувачи најдоброто што може да го понуди македонскиот пазар, врз системите Goliath и Pixio е извршена специјална оптимизација. Во зависност од хардверската конфигурација и од потребите на корисниците, направени се одредени конфигурирања на перформансите, а за таа цел се консултирани производителите на компонентите што се вградени во системите и е имплементиран последниот крик на научно-технолошките достигнувања во поединечни области. Ние гарантираме дека нашите системи работат за 30-40 проценти побрзо во однос на системите што ги создаваат другите, дури и со вградување на истите компоненти.
Ова сепак не е се. За да ги видите остатокот од поволностите и комплетниот третман што ќе го добиете доколку се решите да соработуваме, најдобро би било да наминете во нашите продажни салони, каде што ќе можете да поразговарате со стручниот тим и да присуствувате на интерактивната презентација.
