100 дена - загарантирана цена
Купувај без дилема. Ние мислиме и на денот потоа.
Драги клиенти,
со задоволство би сакале да ви го претставиме најновиот бенефит „100 дена ценовна заштита“ со кој добивате дополнителна сигурност при секое купување.
За што поточно се работи?
Прочитај до крај и дознај ги сите детали👇
Ако цената падне, разликата е твоја.
Купувањето не треба да значи чекање на следната акција. Купи кога ти треба — сега имаш гаранција од пад на цена која работи за тебе уште 100 дена по купувањето.
Како функционира?
Избери и купи производ
Купи производ од категориите опфатени со „100 дена ценовна заштита“ и зачувај ја фискалната сметка.
Следи ја цената во следните 100 дена
Доколку истиот производ, со идентичен модел и спецификации - иста шифра, добие пониска продажна цена во Анхоч во период од 100 дена од денот на првичното купување, можеш да поднесеш барање за ценовна заштита.
Поднеси барање и пријави ја разликата во цена
Испрати барање на a.todorovska@anhoch.com, со информации за купениот производ и фискална сметка како доказ за купувањето.
Искористи ја разликата
По одобрување на барањето, посети го продажниот салон на Анхоч во кој е извршено првичното купување. Разликата во цената можеш да ја искористиш веднаш, на лице место, за купување други производи по твој избор.
Едноставен пример
За кои производи важи?
"100 дена ценовна заштита" важи за сите производи што се дел од следните категории на официјалната веб-страница на Анхоч.
Лаптопи
Пронајди го моделот што ти одговара за работа, учење, секојдневна употреба или гејминг.
Погледни лаптопиДесктоп компјутери (готови конфигурации)
Од домашни и деловни конфигурации до моќни гејминг десктопи.
Погледни десктоп компјутериПринтери (InkJet, Ласерски и 3Д Принтери)
Од компактни домашни принтери до брзи мултифункционални уреди за канцеларија.
Погледни понудаУслови за користење
- Период на важност
- „100 дена ценовна заштита“ важи за производи купени во периодот од 05.11.2026 до 31.1.2027.
- Производите купени пред 5.11.2026 или по 31.1.2027 не се опфатени со ценовната заштита.
- За секој производ купен во наведениот период, ценовната заштита трае 100 дена од датумот на првичното купување, утврден според оригиналната фискална сметка.
- Право на користење
- „100 дена ценовна заштита“ важи исклучиво за физички лица, за купувања за кои е издадена фискална сметка.
- Ценовната заштита не важи за купувања од правни лица, купувања со фактура или профактура, како и за производи купени преку потрошувачки кредит или синдикална продажба.
- Ценовна заштита и промотивни подароци
- „100 дена ценовна заштита“ се однесува исклучиво на продажната цена на купениот производ и не ги опфаќа подароците што се доделуваат во рамки на промотивни понуди. Доколку истиот производ дополнително се нуди со подарок или друга промотивна придобивка, купувачот нема право да го побара подарокот или неговата парична противвредност врз основа на ценовната заштита.
- Вклучени производи
- „100 дена ценовна заштита“ важи за сите производи што се дел од наведените категории на официјалната веб-страница на Анхоч, односно следниве: Десктоп компјутери (готови конфигурации), Лаптопи, Монитори, Принтери (InkJet, Ласерски и 3Д Принтери).
- Период на ценовната заштита
- Ценовната заштита важи во период од 100 дена од датумот на првичното купување, наведен на оригиналната фискална сметка.
- Еднократно користење
- Бенефитот може да се искористи само еднаш за секој купен производ. Реализацијата на ценовната заштита и издавањето на нова фискална сметка не претставуваат ново купување во рамките на ценовната заштита и не започнуваат нов период од 100 дена.
- Услови за остварување
- Ценовната заштита се применува доколку истиот производ, со идентичен модел и спецификации - иста шифра, добие пониска продажна цена во Анхоч во рамките на периодот на важност.
- Реализација на ценовна разлика
- „100 дена ценовна заштита“ се однесува исклучиво на промени во продажните цени на Анхоч и не опфаќа споредување со цените на други трговци.
- Поднесување на барање
- За остварување на правото на ценовна заштита, потребно е да се испрати барање на мејл a.todorovska@anhoch.com.
- Барањето треба да содржи информации за купениот производ и фискална сметка како доказ за купувањето.
- Место и начин на реализација
- По проверка и одобрување на барањето, ценовната разлика може да се реализира исклучиво во продажниот салон на Анхоч каде што е извршено првичното купување.
- При реализацијата се спроведува соодветна фискална постапка, а разликата во цената купувачот ја користи веднаш за купување други производи по свој избор. Разликата не се исплаќа во готовина и не се издава во форма на ваучер.
Анхоч го задржува правото да ја провери исполнетоста на условите за условите за користење, како и да изврши нивна измена.
Често поставувани прашања
Дали бенефитот важи за сите производи во Анхоч?+
Не. „100 дена ценовна заштита“ важи за сите производи од наведените категории: Десктоп компјутери (готови конфигурации), Лаптопи, Монитори, Принтери (InkJet, Ласерски и 3Д Принтери).
Дали споредбата на цената важи за други трговци?+
Не. Ценовната заштита важи исклучиво доколку цената на истиот производ се намали во Анхоч.
Дали можам повторно да ја искористам ценовната заштита ако цената дополнително се намали?+
Не. Ценовната заштита може да се искористи само еднаш за истиот купен производ, независно од бројот на намалувања на неговата цена.
Дали добивам поврат на пари?+
Не. Одобрената разлика во цената се користи за купување други производи во истиот продажен салон, при реализација на ценовната заштита.
Дали важи за купување на рати?+
„100 дена ценовна заштита“ не важи за купувања од правни лица, купувања со фактура или профактура, како и за производи купени преку потрошувачки кредит или синдикална продажба.
Купувај со сигурност!
Со гаранција од пад на цена 100 дена, имаш сигурност и по купувањето. Одбери си производ од горенаведените категории.
Провери ја понудатаAnhoch Редакција · Октомври 2026 · Нешто ново