Често поставувани прашања

Како може да се нарача производ?

За да нарачате производ треба да бидете претходно регистрирани и најавени на Anhoch.com. Нарачки за производи се примаат 24 часа секој ден, во согласност со условите и правилата на Анхоч. Испорачувањето на нарачките се врши во рамки на работното време на Anhoch (пон-пет од 09-17ч. / саб. 10-15ч.). Сите испораки се вршат само во градови и населени места во Р.Македонија.

 

Како се одвива наплаќањето на производ?

    Наплатата на производ може да се оствари на два начина:
  • Со следните платежни картички од сите банки: Visa; Visa Electron; Mastercard; Maestro (само доколку има CVV2/CVC код на позадината од картичката), а наплатата се извршува преку нашиот партнер НЛБ Тутунска Банка.
  • Наплата при достава т.е. производот се наплатува кога ќе се достави, но треба да се напомене дека купувачот треба да ја потврди нарачката откако ќе биде исконтактиран телефонски и најчесто во тој случај доставата е поспора.

 

Колку чини испораката на производ?

Доставата е бесплатна за сума на нарачката поголема од 5000 ден. Во спротивно се наплаќа 189 ден. Испораката на домашна адреса ја врши поштенска/карго служба . Испораката до продажен салон на Анхоч во било кој град е бесплатна, купувачот потоа е должен да ја подигне нарачката од салонот кој го одбрал за достава.

 

Колкаво е времето на испорака?

Нарачките со адреса на достава во Скопје, во најголем број од случаите пристигнуваат во рок од 5 часа, доколку нарачката е процесирана до 11 часот истиот ден, доставата ќе се одложи доколку производот го нема во магацин. Доколку адресата на достава е друг град / населено место, надвор од Скопје, рокот на испорака е 24 часа, за малите населени места испораката може да се оддолжи. За време на празници и неработни денови не се врши испорака.

 

Колку е безбеден процесот на наплата на производ со платежна картичка?

Секоја платежна трансакција на anhoch.com се одвива преку сигурносниот систем на НЛБ Тутунска Банка и нивната безбедна и енкриптирана веб страна за наплата, која е поддржана од FirstData, една од најголемите и најуспешни компании за обезбедување картични трансакции преку интернет. Целиот процес се одвива според сите светски стандарди за интернет наплата со највисоко ниво на сигурност и доверливост.

 

Дали можам да купувам на рати?

Сите информации може да ги најдете на следниот линк https://anhoch.com/rates-conditions

 

Каде можам да испратам барање за понуда?

Понуда може да побарате во секое со праќање мејл на sales@anhoch.com

 

Каде можам да ја проверам достапноста на производот?

Достапноста може да ја проверите на страницата на производот во полето Достапност (веднаш до Опис).

 

Каде би можело да се пријави евентуална рекламација?

За било каква забелешка или рекламација во врска со испорачаните производи можете да не исконтактирате или на некои од телефоните 02/329-66-55; 02/329 01 55; или преку e-mail на: infocentar@anhoch.com. Враќањето на производите или средствата се врши според веќе утврдената политика на испорака и условите/правилата на користење.

 

Имам предлог/критика која се однесува на веб страницата, каде да ја испратам?

Анхоч е секогаш отворен за нови предлози или забелешки кои би придонеле да се подобрат и унапредат услугите кои ги нудиме, како и начинот на кој се користи оваа е-продавница со цел да се зголеми задоволството кај купувачите. Затоа, вашите идеи, предлози или критики можете да ги испратите на infocentar@anhoch.com или на следниот ЛИНК