Поврат на електронски отпад
Крајните корисници имаат можност, при купување нова електрична или електронска опрема, бесплатно да предадат отпадна опрема со иста функција како купената, во еднаков број на парчиња, согласно принципот „еден за еден“, а трговецот е должен да ја преземе под условите утврдени со Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема.