1. OUTLET производи : 

Ова се производи кои се „создаваат“ т.е. појавуваат повремено во секоја ИТ компанија . Истите може да имаат мали недостатоци само од козметичка природа, а се со намалена цена.

 

Сите производи кои се ставени во OUTLET на почеток на името е напишана ознаката OUTLET а содржат и јасна ознака на амбалажата на производот.

 

Овие производи се некористени, комплетно функционални и исправни и доаѓаат со гаранција како и сите останати производи. Разликата е во тоа што овие производи се ставени во OUTLET поради некоја од следниве причини:

  • Оштетена или нецелосна амбалажа
  • Мали козметички оштетувања на надворешноста - гребнатинки, вдлабнатинка, оштетена боја и слично ( фабрички или настанати при транспорт, изложување и слично )
  • Мали мани на екранот ( мртов пиксел, прашинка во екранот и слично )
  • Демо производи - производи кои биле изложени за пробување/тестирање и слично
  • Recertified производи - производи кои биле вратени на произведувачот поради некоја козметичка мана и по комплетна проверка, т.е. ре-сертификација за целосна исправност повторно вратени во продажба
  • Застарени производи - кои долг временски период не биле продадени

На лице место на самите производи е напишана причината поради која производот е понуден како OUTLET

 

2. REFURBISHED производи:

Ова се производи кои се користени одреден период од страна на купувачи и кај кои настанал дефект кој не се отстранил во законскиот рок. Производите се сервисирани фабрички или од овластен сервис на производителот , отстранет дефектот со замена на неисправната компонента со нова, ретестирани за комплетна функционалност и вратени во продажба.

 

REFURBISHED производите доаѓаат со гаранција како и сите други производи