Паралелно со својот перманентен развој и унапредување, АНХОЧ ДООЕЛ Скопје (во понатамошниот текст: „АНХОЧ“) се стреми кон проширување на својот тим преку вработување на стручни, вредни и совесни кадри. Секој кој има желба да стане дел од тимот на АНХОЧ, потребно е да се запознае со податоците кои следат во продолжение:

 

1. Информирајте се ПРВИ за сите активни конкурси за вработување

Во случај на укажана потреба од вработување на нови кадри, АНХОЧ освен што ја огласува потребата од работник/ци под услови, на начин и во согласност со позитивните прописи од областа на работните односи на Република Северна Македонија, истовремено потребата од проширување на својот тим ја објавуа и на веб страната: www.anhoch.com.

За да дознае посетителот/корисникот на веб страната дали во моментот постои / е распишан активен оглас за вработување, потребно е да пристапи, односно на да го одбере полето Активни конкурси“ во делот „Вработување“. Со одбирање и кликнување на полето „Активни конкурси“ ќе бидете упатени на нова страница на која на јасен и транспратен начин се објавени сите конкурси за работа кои се активни во моментот.

 

2. Како да аплицирате за работа?

Секој граѓанин кој е заинтересиран за интересна и динамична работа, а воедно го поседува потребното образование, квалификации за успешно извршување на работните задачи, може да ја испрати својата кратка биографија (CV) на следниот е-маил: rabota@anhoch.com,

 

Друг начин на кој може да аплицирате за работа е преку кликнување на полето „Аплицирај.

 

Со одбирање и кликнување на полето „Аплицирај“ ќе бидете упатени на нова страница на која е објавен формулар во кој е потребно да бидат внесени следниве задолжителни (лични) податоци:

  • Име и презиме;
  • Адреса (адреса на живеење; град; поштенски код);
  • Е-маил и телефон;
  • Работно искуство.

 

Како и следниве незадолжителни податоци:

 

  • Проекти во кои сте учествувале;
  • Дали моментално сте во работен однос (со одбирање на понудени опции „Да“ и „Не“);
  • Година на раѓање
  • Образование;
  • Компјутерски вештини;
  • Мајчин јазик;
  • Други јазици;
  • Возачка дозвола – категорија (со одбирање на понудени опции „A“, „B“ и „C“;
  • Посакувана работна позиција (со одбирање на понудени опции работни позиции);
  • Очекувани месечни примања;
  • Дополнителни информации.

 

3. Согласност за обработка и чување на Вашите лични податоци

По пополнување на Апликацијата за работа, со цел да се овозможи транспарентна обработка на Вашите лични податоци во процесот на регрутација, потребна е Ваша согласност за користење на Вашите лични податоци, преку потврдување дека сте ги прочитале овие правила, како и нашата Политика на приватност.

 

Согласноста ја давате преку одбирање / штиклирање на задолжителното поле “(*) Ги прочитав горенаведените Правила за процесот на Апликација за работа и Политика на приватност“.

 

Дополнително, но не и задолжително, можете да ја дадете својата согласност да ги користиме Вашите лични податоци во наредните 3 месеци од нивното поднесување и за други соодветни позиции, како и согласност Вашите податоци да се споделуваат во рамки на АНХОЧ и да се користат за други позиции во рамки на АНХОЧ.

 

4. Кога се смета дека апликантот аплцирал за работа?

Откако апликантот ќе го пополни формуларот со внесување на податоци во соодветно означените полиња, како и потврдил дека ги прочитал овие правила, како и нашата Политика за приватност, својата апликација може да ја поднесе со кликнување на полето „Аплицирај“. По кликнување на ова поле, апликацијата ќе биде директно испратена до овластените лица за спроведување на процесот на вработување.

 

5. Вашите права како субјект на лични податоци

Ве информираме дека собраните лични податоци за регистрација и најава, секогаш ги користиме исклучиво за:

  • овластените лица на АНХОЧ да може да го контактираат секој од апликантите кои ја поднеле севојата апликација за работа;
  • запознавање со образовните и стручните квалификации на апликантот, како и спроведување на Интервју за работа.

Вашето Име и презиме го користиме заради исполнување на нашите законски обврски кои ги имаме како во процесот на вработување, како и за да Ви овозможиме да ги остварите своите права како кандидати за вработување.

 

Вашите адресни податоци (адреса на живеење, град и поштенски код) ги користиме како би можеле да утврдиме кој продажен салон или друга работа во АНХОЧ е најповолна за Вас.

 

Вашата Е-маил адреса и контакт телефон ги користиме со цел да можеме да Ве контактираме во однос на Вашата апликација, како и евентуално закажување на интервју во процесот на регистрација.

 

Податоците за Вашето работно искуство ни се потребни со цел однапред да осознаеме дали имате искуство за позицијата која аплицирате, односно дали имате предност пред некој друг кандидат кој нема искуство за конкретната отворена позиција.

 

Останатите (незадолжителни) податоци, како што се: Проекти во кои сте учествувале, Дали моментално сте во работен однос, Година на раѓање, Образование, Компјутерски вештини, Мајчин јазик, Други јазици, Возачка дозвола и категорија на возачка дозвола, Посакувана работна позиција, Очекувани месечни примања и Дополнителни информации, единствено можат да ни дадат повеќе информации за Вашата стручност, квалификации и способности, кои во крајна мера ќе ни помогнат за донесување на одлука за Ваше (не) повикување на интервју за работа.

 

Ве уверуваме дека Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен наведените. Собирање и обработка на Вашите лични податоци за друга цел, различна од погоре наведените, може да се врши исклучиво и само врз основа на Ваша претходно дадена согласност или заради извршување на законски обврски. Вашите лични податоци ги собираме, обработуваме и чуваме законито, транспарентно и правично во согласност со прописите за заштита на лични податоци. Вашите лични податоци се собираат, обработуваат, употребуваат и доставуваат на трети лица само од страна на вработените кои се посебно овластени за тоа. Вашите лични податоци се чуваат во форма која овозможува Ваша идентификација, не повеќе од 3 месеци од нивното поднесување. Вашите лични податоци ќе бидат обработувани на начин кој обезбедува највисоко на безбедност, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување, со примена на соодветни технички или организациски мерки.

 

Како субјект на лични податоци имате права во однос на заштита на Вашите лични податоци, а ние тежнееме кон тоа да Ви го олесниме остварувањето на Вашите права. Оттука, Ве информираме дека во секое време имате право да се информирате / побарате / поднесете барање или приговор за:

  • дали се врши обработка на Вашите лични податоци;
  • целите и правната основа на обработка на лични податоци;
  • категории на лични податоци кои се обработуваат, корисници и категории на корисници на кои се откриваат;
  • рок во рамки на кој ќе се чуваат Вашите лични податоци и/или критериуми за одредување на тој период;
  • изворот на лични податоци кои не се дадени од Ваша страна;
  • логиката на автоматизирана обработка, во случај  на одлука донесена врз автоматска обработка, која може да има влијание;
  • да побарате дополнување и/или измена доколку Вашите лични податоци се нецелосни, неточни или неажурирани;
  • да побарате да биде ограничена обработката на Вашите лични податоци;
  • да побарате Вашите лични податоци да бидат избришани;
  • да ја повлечете претходно дадената согласност за целите на обработка на личните податоци;
  • да поднесете приговор за начинот на обработка;
  • да Ви биде обезбедена копија од Вашите лични податоци.

Доколку сакате да поднесете Барање за пристап/дополнување/измена/бришење или ограничување на обработката на Вашите лични податоци, кликнете тука.

 

Ве потсетуваме дека електронската адреса преку која ќе не контактирате, содржината на Барањето и останатите лични податоци нема да бидат искористени за друга цел, освен за да одговориме на Вашите барања и потреби.

 

Во случај на укажана потреба од дополнителни појаснувања, како и прашања кои се непосредно поврзани со собирањето и обработката на Вашите лични податоци, во секое време можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на личните податоци, за што Ви стојат на располагање горенаведените контакт податоци.

 

Име и презиме:     Ангела Тодоровска;

Контакт телефон:  02/3290-155 лок.105;

Е-маил адреса:      a.ilievska@anhoch.com.   

 

***

АНХОЧ ДООЕЛ Скопје ги потсетува сите посетители и корисници на www.anhoch.com дека повеќе информации во врска со правата на корисниците како субјекти на лични податоци, како и начинот на кој се остварува грижата за безбедноста и заштитата на личните податоци, можат да најдат во нашата Политика на приватност.