Ако планирате надградба на вашиот гејминг или работен простор, вистинско време е да ги разгледате едни од најпопуларните европски брендови за ергономија. Разгледајте ја понуда на Arozzi, кои ги произведуваат добро познатите гејминг столици, бироа и додатоци кои нудат совршен баланс помеѓу премиум комфор и скандинавски дизајн.

Без разлика дали ви е потребна максимална поддршка за долгите гејминг сесии или функционално биро за продуктивна работа, еве што ве чека во нашите салони:

Врвен комфор со Arozzi столици

Изборот на вистински материјал и ергономија е клучен, а Arozzi нуди по нешто за сечиј вкус:

  • Avanti & Torretta сериите: Достапни во огромен спектар на бои (од класична Pure Black, па сè до уникатните Moss Green, Ash и Purple) со дишечко Soft Fabric или SoftPU платно кое гарантира свежина во текот на целиот ден.

  • Vernazza & Vernazza XL: Наменети за оние кои бараат дополнителен простор, робусна конструкција и премиум луксуз.

  • Специјални додатоци: За уште поголема удобност, тука се и дополнителните перничиња за лумбална поддршка од велур, како и меките Memory Foam потпирачи за раце.

Паметни и функционални гејминг бироа

Вашиот сетап не е комплетен без стабилна подлога. Серијата Arozzi Arena е повторно тука во сите верзии:

  • Arena & Arena Small: Култните бироа со целосна површина покриена со водоотпорна подлога за глушец (mouse pad).

  • Arena Moto & Nordico Electric: Моторизирани бироа со прилагодување на висината за оние кои сакаат флексибилност и опција за работа во стоечка позиција, достапни во елегантни текстури како White Birch и Walnut.

[Погледнете ја целата Arozzi понуда во Анхоч]