Ако сте во потрага по нов паметен телефон од Xiaomi, сигурно сте се запрашале: Која е разликата помеѓу POCO и Redmi сериите и кој модел најдобро одговара на моите потреби?
Иако двата бренда доаѓаат од истиот гигант, нивната филозофија е различна. Најлесниот начин да ги разликувате е следен: Redmi е фокусиран на балансирано, секојдневно „сеопфатно“ искуство, POCO нуди поагресивен перформанс, гејмерски дух и брутална моќност подеднакво достапна за сечиј џеб.
Еве детален преглед на најновите POCO модели достапни во Анхоч и како тие се споредуваат со Redmi серијата.
POCO C85: Шампион за буџет и издржливост
Барате сигурен телефон за секојдневна употреба кој нема да го оптовари вашиот буџет? POCO C85 е директна алтернатива на влезните Redmi модели (како што е Redmi 15C).
-
За кого е наменет? За корисници кои бараат рационален и стабилен уред за социјални мрежи, сурфање и секојдневна комуникација.
-
Главни адути: Огромна батерија од 6000mAh која гарантира повеќедневна автономија и голем, прегледен екран за уживање во мултимедијални содржини.
POCO M8 & M8 Pro: Моќност која „лета“
Овие два модели се директни конкуренти на популарната Redmi Note 15 серија (поточно на Redmi Note 15 Pro и Redmi Note 15 Pro+). Ако се двоумите помеѓу овие две класи, правилото е едноставно: ако сакате уред што буквално „лета“, отвора апликации во милисекунда и нуди врвно искуство за игри и мултитаскинг – POCO M8 и M8 Pro се вистинскиот избор.
Она што ги прави POCO M8 (со Snapdragon 6 Gen 3) и POCO M8 Pro (со Snapdragon 7s Gen 4) вистински ѕверови во својата класа е токму нивното „срце“ – моќните Snapdragon процесори.
Еве зошто овие чипсети го прават POCO паметен избор:
-
Брутална моќност: Заборавете на „сецкање“. Овие процесори со леснотија се справуваат со десетици отворени апликации истовремено и со најтешките мобилни игри.
-
Врвна енергетска ефикасност: Паметната архитектура дава максимална моќност, а троши минимално батерија. Во комбинација со капацитетот на батериите, овие телефони траат со денови!
-
Најстабилна мрежа на пазарот: Како светски лидер за модеми, Snapdragon гарантира дека телефонот држи далеку подобар и постабилен сигнал за интернет и повици, без лесно губење мрежа дури и во средини со послаба покриеност.
-
Супериорни фотографии: Сите Snapdragon процесори имаат специјален вграден Imaging Processor (процесор за обработка на слика). Тој автоматски ги дотерува вашите фотографии по сликањето, давајќи им дополнителен сјај, чистина и живи бои.
Дали сте подготвени за надградба?
Посетете ги нашите салони или нарачајте го вашиот нов фаворит онлајн. Изберете ја моќноста што ви е потребна и искусете го беспрекорниот перформанс на POCO уште денес!
[Погледнете ја комплетната понуда на POCO телефони во Анхоч]