Анхоч објавува конкурс за новo работнo местo со полно работно време на позициja:
1. Помошник сметководител
Основни услови за вработување:
- Кандидатите да се со претходно работно искуство во областа на сметководството
- Одлично познавање на работа со компјутер ( Microsoft Office )
Останати услови:
- комуникативни способности, организираност и одговорност
- способност за работа со дадени рокови и брзина во работењето
- познавање на пишан и говорен англиски јазик
- постојано живеалиште или постојан престој во Скопје
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме во најкраток рок да ја потполните пријавата за вработување и да доставите Ваше CV (кратка биографија) на адреса rabota@anhoch.com со назнака за кое работно место аплицирате.
Кандидатите кои ќе бидат одбрани за информативен разговор ќе бидат известени во рок од 15 дена заради понатамошен контакт.
За сите дополнителни информации во врска со работните места можете да се обратите на истата адреса.
Ве молиме без телефонски јавувања и барање информации преку трети лица.
Ви благодариме однапред на Вашата апликација.
ANHOCH
Скопје, Македонија
www.anhoch.com